Пандев одмори, но тука беше Скамака да изрежира пресврт за Џенова во градското дерби (видео)

Џенова го доби градското дербри против Сампдорија со 3-1 во рамките од четвртото коло од Купот на Италија. Екипата на Горан Пандев успеа да надополни негатива од еден гол и со пресврт да обезбеди битка против Јувентус во осминафиналната фаза.

Сосема заслужено, Сампдорија го отвори дербито со прекрасниот погодок на Вере во 18-тата минута, но потоа следуваше потоп на домаќините.

Од 60-тата минута во второто полувреме, Скамака приреди шоу со два погодоци во мрежата на Аудеро, од кои вториот беше вистинска мајсторија. Скамака прво израмни, па погоди за конечни 3-1, додека пресвртот го најави Лерагер.

Пандев доби заслужен одмор и целиот меч го проследи од клупата.

https://streamable.com/5ntn77

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести