Пандев: Се гледа дека на Панчев му е мака за успесите на Македонија

По изјавата на Дарко Панчев во којашто тој кажа дека Македонија со Горан Пандев губеше од Андора, не се чекаше долго за одговор и од Гоче.

Тој во изјава за Фокус му возврати на Панчев за изјавата која ја даде за медиумите.

„Се гледа дека на човекот му е мака што Македонија играше на Европско првенство и во баражот за Светското првенство во Катар“, изјави Пандев за „Фокус“.

За репрезентацијата на Македонија, Гоче одигра 122 натпревари, каде што постигна 38 погодоци, со што е рекордер и во двете статистити.

 

- Оглас -

Најнови вести