Пандев: Срцето ми е полно, играв во светиот дрес на големо натпреварување, а верувам дека Македонија ќе игра и на СП 2022

По 20 години играње во националниот дрес, Горан Пандев денеска го одигра последниот „танц“. Гранде Пандев вели дека заминува среќен и верува дека Македонија и во иднина ќе биде дел од големи натпреварувања.

„Срцето ми е полно. Повеќе од тоа да играм на големо натпреварување во светиот дрес, во репрезентативниот дрес е нешто посебно. Направивме нешто што вечно ќе остане во нашето сеќавање. Им благодарам на сите оние кои беа дел од оваа моја 20-годишна бајка. Да бидам искрен, го дадов максимумот од мене и мислам дека стварно е време да кажам крај. Ова е мојот максимум. Ќе навивам за овие момци. Во оваа репрезентација има многу лидери и убеден сум дека ќе изборат пласман на СП. Цела Македонија ќе продолжи да навива за оваа репрезентација“, вели Пандев.

- Оглас -

Најнови вести