Пандев: Црвена ѕвезда секогаш ќе ми биде во срце, Савичевиќ ми беше идол

Фудбалскиот клуб Парма организираше онлајн дружба на Горан Пандев со навивачите на Парма, а фановите му поставуваа многу прашања на македонскиот фудбалер и тој даде некои интересни одговори.

„Најдобриот голман на светот игра со мене, тоа е Џиџи Буфон, не сум сретнал подобар од него. Кога бев дете, омилен играч ми беше Дејан Савичевиќ, тој играше за клубот кој секогаш ќе ми биде во срцето, а тоа е Црвена ѕвезда. Не сум подобар од Савичевиќ, но задоволен сум со тоа што го имам постигнато во кариерата“, рече Пандев, кој е одлично примен во Парма и додаде дека таму се чувствува како дома.

Фановите ги интересираше Горан да им каже што мисли за баражот за СП, во кој Италија ќе ја пречека Македонија.

„Јас сум Македонец, се надевам дека ќе победи Македонија. Се игра само еден меч и сè може да се случи“, вели Пандев, кој не кажа кој му е најдобриот гол што го постигнал во кариерата бидејќи тешко му е одбере само еден.

- Оглас -

Најнови вести