Пандев успешно заврши уште една мисија, Јувентус победи, но уште е надвор од позиција за ЛШ

Џенова и во следната сезона сигурно ќе игра во Серија А, откако вечерва победи на гости кај Болоња и со трите освоени бода, веќе сигурно нема шанси да испадне од елитата. Џенова победи со 2:0 и сега има 39 бодови по 36 одиграни меча, додека Беневенто кој е на позиција што води во Серија Б има 31 бодови.

Како и секогаш досега, во најважните мечеви Пандев беше стартер, а Џенова даде по еден гол во двете полувремиња и тоа беше повеќе од доволно за победа. Кога беше јасно дека гостите ќе ги освојат бодовите, Гоче беше заменет во 69 минута.

Со овој триумф Пандев успешно ја заврши мисијата да ја спаси Џенова од испаѓање, а сега останува неизвесно дали популарниот Гоче ќе оди во пензија или сепак ќе се реши да игра уште една сезона.

Сите екипи кои се борат за местата кои водат во Лигата на шампионите се радуваа денеска. Милан немаше милост и со 7:0 го победи Торино на гости, Аталанта со 2:0 го победи Беневенто, а Јувентус се радуваше на гости кај Сасуоло со 3:1. Во една ваква ситуација, Јувентус уште е надвор од Топ 4. Аталанта и Милан имаат по 75 бодови, Наполи има 73, а Јувентус е петти со 72 бодови. Новиот шампион Интер со 3:1 го победи Интер.

- Оглас -

Најнови вести