Пандев виде гол за „Пушкаш“ (Видео)

Горан Пандев беше сведок на теренот во Удине на еден од најубавите голови во сезоната, а го постигна играч на Удинезе. Роландо Мандрагора приреди вистинско уметничко ремек-дело во 62. минута, кога топката што ја смири на гради веднаш со полуволеј ја упати во самиот агол на голот на својот поранешен клуб Џенова.

Бомба што ретко се гледа и гол што сигурно ќе конкурира за наградата „Ференц Пушкаш“ што се доделува за најатрактивниот погодок на сезоната.

Мандрагора има само 21 година, а интересно е дека професионалната кариера ја почна токму во Џенова, клуб за кој игра Пандев. Капитенот на македонската репрезентација влезе во игра на почетокот на второто полувреме и на теренот ја следеше мајсторската изведба на Мандрагора.

Погледнете го феноменалниот погодок на играчот на Удинезе со кој ја запечати победата на својот тим од 2:0.

https://www.youtube.com/watch?v=eZny7Gz7eE4

- Оглас -

Најнови вести