Паненка: Ако го утнев пеналот, ќе требаше 40 години да работам во фабрика

Некогашниот чешки фудбалер Антонин Паненка, кој стана познат во светот по храбро изведениот пенал во последната серија на Европското првенство во 1976 година во Белград против Западна Германија и на Чехословачка ѝ донесе европска титула, вели дека ако го утнел пеналот, под казна ќе бил принуден 40 години да работи во некоја фабрика.

Паненка го совлада легендарниот голман Сеп Маер со шут каков што дотогаш не беше виден, многу ризичен, со поткопување на топката, но, за негова среќа, му успеа да постигне гол и да влезе во фудбалскиот незаборав. Таквите пенали сега се прилично чести и ги нарекуваат „Паненка“.

„Секогаш се смеам кога ќе си помислам што ли ќе се случеше ако го утнев пеналот во Белград. Веројатно под казна ќе ме испратеа 30 или 40 години да работам во некоја фабрика. Тој пенал не беше важен само од спортска гледна точка, туку и од политичка. Ако утнев, тоа ќе беше лошо за имиџот на комунизмот, така се гледаше на работите“, вели Паненка.

- Оглас -

Најнови вести