Папараци ги „уловија“ Мурињо и тројца играчи на Тотенхем како го кршат законот

Лондонски Тотенхем, поточно неговиот тренер Жозе Мурињо, одлучи да почне со неофицијални тренинзи. Тој уште со тројца играчи беа сликани и снимени во еден парк како тренираат и џогираат. Проблемот е што се прекршува забраната за групирање на луѓе на јавно место и недржење на растојание барем од два метри еден од друг.

Од клубот ги предупредија своите играчи да не ја прекршуваат изолацијата, а ако веќе излегуваат од дома, да ги почитуваат правилата и препораките. Највиновен во случајов е Мурињо, чија идеја била да се излезе во парк и да се тренира.

Фудбалерите кои биле со Мурињо најверојатно се Танги Ндомбеле, Давинсон Санчес и Рајан Сесењон, додека одделно од нив, виден е Серж Орие како трча со уште еден човек.

- Оглас -

Најнови вести