Паратичи се брани или верува во Холанѓанецот – Де Лихт е најдобрата инвестиција на Јувентус

Фабио Паратичи има неограничена доверба во Матајс де Лихт, играчот за кого инсистираше да дојде од Ајакс во Јувентус за сума од 85 милиони евра, а спортскиот директор на Старата дама вели дека клубот направил одличен потег.

„Тоа е најдобрата инвестиција на Јувентус. Го имаме најдобриот млад играч на светот и смешно е кога слушам дека се сомневаат во неговите квалитети. Очекувам Матајс да одблежи една фудбалска ера“, изјави Паратичи.

Холанѓанецот имаше дузина киксови откако летово за сума од 85 милиони евра притстигна од Ајакс во Јувентус, но спортскиот директор вели дека трансферот на младиот стопер е неговото животно дело. Паратичи беше најзаслужен и за трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус, но Матајс де Лихт го смета за повредна инвестиција.

„Кога сите играчи на Јувентус ќе ви кажат дека де Лихт е феноменален играч и човек, нема потреба повеќе да објаснувате. Има само 20 години и игра на позиција што е мошне деликатна во фудбалот, а веќе е стандарден член на клуб каков што е Јувентус. Памтете што ви кажувам, Матајс ќе биде најдобриот светски дефанзивец во следните десет години“, додаде Паратичи за клупскиот сајт на италијанскиот шампион.

- Оглас -

Најнови вести