Паровите за 11-тото коло на Спортска прогноза се тука, типувањето може да почне и ќе трае до сабота во 13.30!

Новата шанса да освоите „ајфон 12“ е тука, од денеска во 14 часот до сабота во 13.30 часот може да типувате на 13-те парови од основната понуда на бесплатната Спортска прогноза што ја организираат Спорт Манија и Sport Life.

Трката за „ајфонот 12“ и вредносните ваучери од Sport Life е почната, а на менито на популарната Тринесетка има неколку дербија од Топ 5 лигите во Европа.

Прв меч кој треба да го погодувате е Лестер – Арсенал, премиерлигашки дуел кој се игра в сабота рано попладне во 13.30 часот и тоа е крајниот термин до кој може да се типува за 11-тото коло.

Потоа следува меч на Барнли и Брентфорд, па Мец и Сент Етјен, а саботните парови се заклучуваат со три интересни мечеви. Дербито во Лондон во кое Тотенхем го пречекува ранетиот лав Манчестер јунајтед, па локалното дерби помеѓу Валенсија и Вилјареал и за крај пресметката на Торино и Сампдорија, два италијански клуба со богата историја и сиромашна сегашност.

За разлика од претходното коло, кога неделната понуда беше преполна со мегадербија, овојпат во недела најмногу се чека средбата на Рома и Милан. Мурињо ќе се врати на клупата и ќе води тим во кој главна ѕвезда е неговиот ученик Златан Ибрахимовиќ.

Има и еден понеделнички меч, тоа е Вулверхемптон – Евертон, по кој ќе се знае дали има добитници на награди.

Потребно е да се погодат сите 13 пара во десеттото коло за да се освои прекрасниот мобилен телефон во играта што е бесплатна и за учество ви треба само да имате СЛ картичка од Sport Life.

Обложувалницата за секое коло ги наградува и утките, па со 12 погодени парови ви следува ваучер од 1.000 денари, а со две промашувања ќе добиете ваучер од 500 денари.

Важни се и поените од двата резервни пара (за ова коло резервни двојки се Вотфорд – Саутхемптон и Хетафе – Еспањол), кои важат во битката за првото место во Генералниот пласман. Во моментов води Арбен Џ. со 85 поени, пред Богољуб Ј. со 82 и Борис С. со 81 поен.

Шампионот на крајот од четвртата сезона на Спортска прогноза ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи, а ќе има награди во поени од СЛ маркетот на Sport Life за останатите четворица прогнозери што ќе бидат пласирани во Топ-5.

 

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести