Партизан е казнет и треба да игра без публика, но ќе биде спектакл на стадионот

Партизан вечерва на свој терен во Белград го игра првиот меч од групната фаза во Лигата на Европа, а прв ривал е АЗ Алкмар. Пред две години, Црно-белите ја поминаа групата во второто по ранг натпреварување на УЕФА, па и сега се надеваат на ист успех.

Пред четири години, Партизан и АЗ Алкмар играа во Европа и српскиот тим победи во двете средби. Вечерва очекуваат нов триумф, иако се казнети од УЕФА (поради расизам) и мора да играат без публика. Сепак, УЕФА дозволи влез за деца кои имаат до 14 години. Оваа пракса е позната, посебно за Партизан.

И на дуелот против Молде беа казнети, но беше дозволен влез на деца до 14 години, па на стадионот имаше околу 6.000 дечиња кои му дадоа поддршка на својот омилен тим. За вечерва се најавува уште поголем број деца кои ќе бидат на стадионот и ќе навиваат за Партизан.

 

- Оглас -

Најнови вести