Финалето на АБА лигата достигнува кулминација. Вечерва во Белград, Партизан е домаќин на Дубаи во четвртиот меч од финалната плејоф серија. Дубаи е тимот кој води со 2:1 во победи и му фали само уште еден триумф за да стигне до првата титула во регионалното натпреварување.
Партизан кој е рекордер по бројот на трофеи во АБА лигата има само една цел, а тоа е да победи вечерва пред своите навивачи и да се избори за мајсторка, односно последен петти меч.
Интересно е тоа дека традицијата вели дека Партизан има големи шанси да се надева на мајсторка. Откако Дубаи е влезен во АБА друштвото, овие два тима досега имаат одиграно вкупно 12 натпревари, а помалку делува неверојатно дека на сите 12 дуели победула екипата која била домаќин. Тоа значи дека Партизан вечерва има добри шанси да се надева на триумф и да израмни на 2:2 во победи.
Во понудата на Sport Life има и дури 16 кошаркари (по осум од двете екипи) за играта „плус-минус“ поени.


