Партизан го одбрани домашниот терен против Дубаи и со победа од 84-70 се избори за четврти меч во финалето на АБА-лигата. И тој четврти дуел ќе се игра во Белград, и тоа задутре, а евентуалната мајсторка би се играла во вторник, на 16 јуни, во Дубаи.
Црно-белите по двата пораза на гостински терен, покажаа друго лице пред речиси 12.000 свои фанови и веднаш уште во првата четвтина покажаа решеност да триумфираат. На крај, кога и Дубаи се обиде да се доближи, тоа беше одбиено, продолжувајќи ја серијата секогаш кога играат овие два тима, да победи тој што е во улога на домаќин. Дубаи даде само 70 поени (нивен сезонски антирекорд во АБА-лигата сезонава) и тоа беше клучно.

