Патот до ЕП за Македонија дефинитивно полесен преку Лигата на нациите

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе има многу тешка задача да се најде на завршницата на Европското првенство преку квалификациите закажани за следната година. Нашиот национален тим на ждрепката на втори декември во Даблин ќе биде сместен во петтиот шешир.

Квалификациите за ЕП 2020 почнуваат на 21-ви март и ќе траат до ноември 2019. Преку овие квалификации, на ЕП ќе се најдат 20 селекции, најдобрите две од секоја од десетте групи. Останатите четири места ќе се пополнат во март 2020, преку плејофот во Лигата на нациите, и тука е нашата пореална шанса.

Први носители ќе бидат: Англија, Холандија, Португалија, Швајцарија, Белгија, Хрватска, Франција, Шпанија и Германија или Полска. Од вториот шешир се: Австрија, БиХ, Чешка, Данска, Исланд, Русија, Шведска, Украина и Велс, како и една од Германија и Полска.

Во третиот се: Финска, Северна Ирска, Норвешка, Република Ирска, Србија, Словачка и Турција. Во четвриот се: Албанија, Кипар, Естонија, Грузија, Грција, Литванија, Црна Гора и Словенија. Во овие две групи ќе се најдат и: Бугарија, Унгарија, Израел, Романија и Шкотска.

Во петтиот шешир, заедно со Македонија се селекции против кои нема да играме, а тоа се: Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Гибралтар, Казахстан, Косово, Луксембург, Молдавија и Фарски Острови или Малта.

- Оглас -

Најнови вести