Пау Гасол стави крај на блескавата кариера

Пау Гасол одлучи да стави крај на својата блескава кариера. Легендарниот шпански кошаркар со ЛА лејкерс освои два шампионски прстена и шестпати беше член на Олстар-натпреварите. Тој ваквата одлука ја кажа на прес-конференција.

„Воопшто не беше лесно да кажам збогум, но тоа е дел од животот. Сфатив дека повеќе не можам да бидам на посакуваното ниво, па затоа решив да ставам крај на кариерата“, изјави, меѓу другото, Пау.

Постариот од браќата Гасол во НБА, покрај тимот од Лос Анџелес, настапуваше и за Мемфис Гризлис, Чикаго Булс, Сан Антонио и Милвоки Бакс. Во последната сезона тој ги бранеше боите на Барселона, каде што и ја започна кариерата.

Со селекцијата на Шпанија тој има освоено три златни медали на ЕП, додека на Олимписките игри има учинок од два сребрени и еден бронзен медал.

- Оглас -

Најнови вести