Педри: „Имаме шанси за три трофеи, зошто да не сонуваме“

Младиот фудбалер на Барселона, Педри, е голем оптимист пред продолжението од сезоната и најавува дека може да стигнат до трите трофеи коишто се во игра – Ла Лига, Купот на Шпанија и Лигата на шампионите.

„Сè уште имаме шанса за трите трофеи, зошто да не сонуваме? Би бил многу возбуден ако ја освојам Лигата на шампионите. Никогаш не сум го освоил овој трофеј, а Барселона долго чека. Ни претстојат тешки натпревари против Борусија Дортмунд, но како тим имаме голема самодоверба. Сигурен сум дека проблемите со повредите се зад мене. На тоа гледам како на минато. Многу ми помага кога играм редовно, кога имам поголема пауза меѓу натпреварите, чувствувам поголем замор“ вели Педри.

- Оглас -

Најнови вести