Педро чекаше цела вечност да изведе пенал, не помогна ни ритуалот за среќа од трибините (Видео)

Жоао Педро можеше да биде јунакот на Калјари во дуелот против Фиорентина, но стрелецот на единствениот гол за домаќините во ремито 1:1 на крајот беше трагичарот на мечот од 23. коло во Серија А.

Во ситуација кога Калјари водеше со 1:0 и имаше играч повеќе на теренот, Педро изведе пенал и го промаши.

Можеби на концетрацијата на најдобриот стрелец на Калјари влијаеше и предолгото чекање да се изведен пеналот, но Терачијано лесно му го одбрани ударот.

Не помогнаа ниту молбите од трибините, а на интересен начин член на раководството на Калјари се молеше за сигурна реализација за 2:0.

Joao Pedro Penalty miss + Odriozola red card replay 68′ from soccer

Веднаш потоа стаса казната и Сотил погоди за израмнување на 1:1, па Калјари не успеа да победи, иако имаше предност од 1:0, играч повеќе и пенал за чиста победа.

Претходно при резултат 0:0 во осмата минута пенал за Фиорентина промаши Бираги.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести