Пеле: Марадона беше многу подобар од Меси

Според бразилската фудбалска легенда Пеле, Диего Марадона бил многу подобар фудбалер од Лионел Меси, а Кралот на фудбалот повремено го критикуваше сонародникот Нејмар.

„Тешко е да го браниш Нејмар поради работите кои ги прави надвор од фудбалскиот терен. Сум разговарал со него и му кажав дека фудбалското знаење го има. Немаше среќа со репрезентацијата, не бил светски првак и тоа го обележува. Му кажав дека Господ му дал талент, но сам си ја комплицира работата со однесувањето. Тој е покомплетен од Мбапе, но во Европа зборуваат повеќе за Франзцузинот“, изјави Пеле.

Пеле и Марадона ги надминаа недоразбирањата кои ги имаа во минатото и сега се во одлични односи, па Бразилецот смета дека најдобар аргентински играч на сите времиња е Диего.

„За мене, Марадона е еден од најдобрите во историјата и ако ме прашувате дали е подобар од Меси, ќе ви кажам да, многу беше подобар. Одлични беа и Бекенбауер, Кројф“, рече 78-годишниот Пеле, кој трипати беше светски првак со „кариоките“.

- Оглас -

Најнови вести