Пелистер славеше над Башкими и за опстанок ќе игра против Шкендија Арачиново, Брера оди на Скопје

Веќе е јасно дека Пелистер за опстанок во прволигашката конкуренција ќе игра против Шкендија од Арачиново, додека струмичка Брера за противник ќе го има составот на Скопје.

Битолчани во последното коло победија со минимални 1-0 на домашен терен против Башкими со голот на Милан Србијанац во 24-тата минута и го освоија осмото место на прволигашката конкуренција, што условно им носи полесен противник во баражот.

Брера финишираше на деветтото место и покрај убедливата победа над Шкупи во последното коло од 6-0, па во баражот ќе се соочат против вицешампионот од Втората лига, Скопје.

- Оглас -

Најнови вести