Пенал-драмата му пресуди на англискиот шампион, Манчестер сити испадна од Лига купот

Играчите на Вест хем беа максимално прецизни во драматичната пенал-серија против Манчестер сити, ги погодија сите пет удари од белата точка и го елиминираа фаворитот и бранител на трофејот.

Во регуларниот дел немаше голови, па на пенали победи Вест хем со 5:4. Единствен што промаши од деветте фудбалери е Фил Фоден, и тоа во првата серија, па Сити се прости од амбициите да го одбрани трофејот.

Вториот најуспешен тим Ливерпул со 8 пехари, колку што има и Манчестер сити, успеа да се пласира понатаму. На гости го победија Престон со 2:0 со головите на Минамино и на Ориги.

Лестер и Брајтон исто така шутираа пенали, а Лисиците победија со 4:2, откако во регуларниот дел беше 2:2. Тотенхем го победи Барнли со 1:0 на гости, а Брентфорд исто така на гостување беше подобар од Стоук и со победа од 2:1 се пласира во четвртфиналето на ЕФЛ купот.

 

- Оглас -

Најнови вести