Пенал го одведе Манчестер јунајтед во полуфиналето на Лигата на Европа (Видео)

Манчестер јунајтед му се приклучи на Интер во полуфиналето во Лигата на Европа, но фаворитот од Англија се намачи за да го елиминира борбениот тим на Копенхаген.

Црвените ѓаволи мораа да играат продолженија откако во регуларниот дел мечот заврши без голови. Клучен беше пеналот во четвртата минута од првото продолжение по фаулот на Марсијал.

https://twitter.com/_Dribbling/status/1292937723393839105?s=20

Бруно Фернандеш беше смирен и прецизен и со победнички гол го одведе својот тим во завршницата.

Манчестер јунајтед го чека победникот од утрешниот меч меѓу Севилја и Вулверхемптон. Претходно вечерва Интер го победи Баер Леверкузен и ќе игра за финале против подобриот од мечот меѓу Базел и Шахтар, што исто така се игра утре.

- Оглас -

Најнови вести