Пеналите ги протнаа Американките во четвртфинале на Мундијалот

Меган Рапино беше ладнокрвна при ударите од белата точка во седмата и 75. минута што беше доволно Американките да ја победат Шпанија во еден од дерби мечеви во осминафиналето на женскиот фудбалски Мундијал.

Фудбалерката на Атлетико Мадрид, Џенифер Хермосо израмни на 1:1 во деветтата минута, но Шпанките не успеаја да постигнат уште еден гол за продолженија и се елиминирани.

Американките се актуелни шампионки, но ќе имаат тешка задача да го елиминираат домаќинот Франција, во обидот да се закитат со четвртата светска титула.

- Оглас -

Најнови вести