Пеп одбил рекордна плата од Јувентус

Иако е веќе познато дека Маурицио Сари ќе биде нов тренер на Јувентус, Италијанецот чека исписница од Челзи за да може да ја официјализира соработката со Старата дама. Сепак, тој не бил прв избор на претседателот Андреа Ањели. Сонот на првиот човек на италијанскиот шампион ќе остане неостварен бидејќи ниту годишна плата повисока од 20 милиони евра не била доволна да го наговори Пеп Гвардиола да се пресели во Торино.

Доколку прифатеше, Гвардиола ќе заработуваше апсолутно рекордна плата во Серија А, но Шпанецот сака да продолжи да работи со проектот на Манчестер сити. Поранешниот тренер на Барселона ги предводеше Граѓаните до тројна домашна круна изминатава сезона, а воедно планира до крај да го испочитува договорот со англискиот првак кој важи уште две години.

Напоредно, челниците на Манчестер сити токму поради оваа ситуација ќе се обидaт да го врзат Гвардиола со нов договор, според кој би заработувал многу повеќе од сегашната плата од 15 милиони фунти годишно.

- Оглас -

Најнови вести