Пеп воодушевен од тинејџерот на Дортмунд: Лаже дека има 17 години, предобар е

Пеп Гвардиола за првпат како менаџер на Манчестер сити се пласира во полуфиналето од Лигата на шампионите. Граѓаните го добија двомечот против Борусија Дортмунд со вкупен резултат 4-2, по што битката за финалето ќе се одвива против ПСЖ.

Гвардиола вчера издвои малку време да го пофали суперталентираниот Џуд Белингем, 17-годишниот талент на Милионерите. Белингем беше стрелецот на единствениот гол на Дортмунд во реваншот, покрај тоа, се покажа во најдобро светло во двата меча против англискиот гигант.

„Лаже дека има 17 години, премногу е добар за негова возраст. Навистина не ми е верно дека е толку млад. Го забележав во текот на мечот кога не добиваше топка од дефанзивците, им се развикуваше да му додадат, ја бараше топката. Разговарав со неговиот тренер, Един Терзиќ, кој ми кажа дека тоа што го видов во овие два натпревари од Белингем, така се однесува на секој тренинг“, истакна шпанскиот стратег.

Белингем иако има само 17 години уште во дебитантската сезона меѓу Милионерите добива важна улога. Неговиот трансфер вреден 25 милиони евра од матичниот клуб Бирмингам е рекорд за 17-годишен фудбалер.

- Оглас -

Најнови вести