Пеп збудале од нервоза, му објаснуваше на столчето како треба да се игра (Видео)

Пеп Гвардиола беше нервозен во текот на мечот меѓу Манчестер сити и Арсенал во полуфиналето на ФА купот, а неговиот тим никако не може да се справи со Топчиите и четврти пат по ред испадна од истиот ривал.

Тренерот на ланскиот првак во еден момент на нервоза почна да му објаснува на столчето до него како треба да играат неговиот фудбалери, што изгледа и смешно.

Guardiola talking to an empty chair from soccer

Сити е поразен со 0:2 со двата гола на Пјер-Емерик Обамејанг и нема да игра за седмиот трофеј во националниот куп на Англија.

Во финалето на 1. август ќе настапи Арсенал, екипа што е рекордер со 13 пехари во ФА купот, а противник ќе им биде подобриот од дуелот меѓу Манчестер јунајтед и Челзи.

Второто полуфинале ќе се игра утре од 19 часот исто така на Вембли во Лондон.

- Оглас -

Најнови вести