Перез повторно ја дрма УЕФА: Надал и Ѓоковиќ играле 59 пати и никогаш не било досадно

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е еден од главните иницијатори за идејата да се формира Суперлига на Европа, што би било голем удар за УЕФА. Во таа нова лига би играле само елитните клубови од стариот континент, но Европската фудбалска куќа успеа да го одбие овој предлог.

Сега, Перез се обидува повторно да ја протне идејата, со образложение дека фудбалот сега е „болен“ и потребно е да се најде лек.

„Новиот предлог на УЕФА само ќе го влоши проблемот. Ако УЕФА беше одговорна за светскиот тенис, тогаш дуели меѓу Надал и Ѓоковиќ ќе гледавме само два-три пати годишно. Фудбалот е болен. Младите се помалку се заинтересирани за овој спорт. Ја губиме глобалната битка за забава“, вели Перез, кој даде една интересна споредба.

„Надал и Ѓоковиќ играле 59 пати меѓусебе. Дали нивните мечеви биле досадни? Реал и Ливерпул во послените 67 години одиграле само девет меча. Зошто е поентата на навивачите да им се крати задоволството да гледаат такви мечеви?“, вели Перез.

 

- Оглас -

Најнови вести