Перишиќ се сели во Арсенал

Иван Перишиќ ќе игра за Арсенал, а преселбата, според најавите на италијанските медиуми, може да се случи експресно во овој преоден рок.

Хрватот веќе ги договорил личните услови со „топчиите“ и до налето платата би му била 3 милиони евра, а потоа по 6,5 милиони евра годишно.

Барањето на Перишиќ за заминување од Интер го потврди и спортскиот директор Џузепе Марота.

„Точно е, Иван побара да си замине, но трансферот сè уште не е реализиран. Ќе почекаме“, изјави Марота.

Зимскиот преоден рок е активен до 31-ви јануари.

 

- Оглас -

Најнови вести