Пескара му се заблагодари на Ибрахимовиќ по потврдата дека оди во Милан

Златан Ибрахимовиќ ќе потпише за Пескара, беше шеговитата објава пред некое време која ја објави овој клуб од италијанската Серија Б, а откако вечерва стана јасно дека Ибра се сели во Милан, од Пескара објавија монтажа од фотографија на Златан во нивен дрес и му се заблагодарија за тоа што „го направил“ за нив.

Ибрахимовиќ донел одлука по седум години повторно да го облече дресот на Милан и можеби уште утре и официјално ќе стане член на Росонерите од Милано. Додека траеше сагата околу него, од Пескара се шегуваа дека Швеѓанецот ќе потпише за нив.

Сега повторно се огласија и му се заблагодарија.

- Оглас -

Најнови вести