Петпати играше финале на Австралија опен, денеска испадна од 120. тенисер на светот

Енди Мареј го заврши настапот на Австралија опен по убедливиот пораз со 0:3 од Таро Даниел, кој е 120-рангиран тенисер на светот.

Британецот веќе има 34 години и долгата пауза си остави трага, па веројатно ќе остане ефектот од пет финалиња во Мелбурн, кои ги играше во перидото од 2010 до 2016 година и сите ги загуби.

Мареј се обиде да го елиминира јапонскиот тенисер, но не успеа да освои ниту еден сет и сите три ги загуби со идентичен резултат од 4:6.

Накогашниот светски рекет број 1 има гренслем титули од Вимблдон во 2013 и 2016 година и од САД опен во 2012 година, но сега е далеку од таа форма и веројатно ќе ја заврши кариерата со три греснлем пехари.

Турнирот денеска заврши и за Григор Димитров по поразот од Беноа Пер со 1:3, а испадна и Ришар Гаске, отако се повреди во третиот сет во дуелот со Холанѓанецот Ван Де Зандшулп.

- Оглас -

Најнови вести