Петровиќ: МЗТ е најдобро организиран клуб во Македонија, целта е титула и враќање во АБА1

Александар Петровиќ по 11 години се враќа во МЗТ Скопје и пред него е задача за да го врати клубот меѓу најдобрите на Балканот.

Тој му помогна на тимот од Аеродром кога му беше најтешко, а поради тоа навивачите на овој клуб ќе му бодат вечно благодарни. Јасно, целта на МЗТ во оваа сезона ќе биде враќање во АБА1 лигата, како и одбрана на титулата во првенството на Македонија а договорот е потпишан на една ипол година.

„После толку години се враќам во МЗТ кој е организациски наш најдобар клуб и целта е да се одбрани титулата и да се вратиме во АБА 1 лигата. Да бев од почетокот на сезоната, со сигурност различно би го селектирал тимот, но тоа е што е. Во недела играме против Работнички а потоа ни следува густ распоред а имаме и проблеми со отсуства во составот.

Во наредниот период ќе има подмладување на тимот а играчите во моментов се навистина истрошени. Немаме многу време да ја менуваме играта и иако МЗТ ги има најдобрите играчи според нивните имиња, тие се навистина истрошени. Треба да ја зацврстиме одбраната и на најдобар начин да го искористиме потенцијалот на играчите.

Ја имам целосната поддршка од клубот и од навивачите“ изјави Петровиќ.

Петровиќ ќе седне на клупата која остана испразнета по заминувањето на Дарко Радуловиќ по поразот финалниот пораз од ТФТ во Купот на Македонија. Првиот натпревар на кошаркарите со старо-новиот тренер ќе биде во недела каде што ќе се соочат против вечниот ривал, Работнички.

Извршниот директор на МЗТ, Филип Ѓоревски накратко кажа зошто се одлучија на ваков чекор, односно за ангажман на Петровиќ.

„Се решивме на ваков чекор по изгубениот куп. Искуството на Петровиќ ни дава сигурност да одиме кон зацртаните цели а тоа е титулата во првенството и главната цел а тоа е враќање во АБА1 лигата“.

Во моментов, „металците“ се на второто место во првенството со еден бод помалку од Пелистер кој има перфектен скор од 15 победи од исто толку средби.

 

- Оглас -

Најнови вести