Пијани и бесни: англиските фанови полудеа после ремито против САД! (Видео)

Навивачите на англиската фудбалска репрезентација, беа екстремно незадоволни од ремито без голови против САД на мечот од Светското првенство во Катар, а тоа го покажаа на групното гледање во Лондон.

Откако судијата означи крај на средбата, разочараните и бесни англиски навивачи, од бес почнаа да фрлаат чаши полни со пиво.

После победата над Иран од 6-2 во првото коло, изгледа помислија дека се непобедливи и дека се најдобри на свет, па нерешениот резултат против Американците не го прифатија добро.

Погледнете ја реакцијата на фановите на Гордиот Албион:

- Оглас -

Најнови вести