Пике ја повтори провокацијата што ги збесна навивачите на Еспањол: Оддамна спечалив пари колку нивниот буџет

Џерард Пике повторно ги разгоре страстите и ги налути навивачите на Еспањол со иста изјава, дека оддамна спечалено пари колку што е сегашниот буџет на големиот градски ривал на Барселона.

„Повеќе сакам да играм на Корнел против Еспањол, отколку на Сантијаго Бернабеу со Реал Мадрид. Ме направија среќен кога се вратија во Првата лига. Тие ми свират, јас им се смеам и ги нервирам. Повеќе сакам тие да се живцираат од навивачите на Реал. Пак ќе кажам јас оддамна спечалив пари колку нивниот сегашен буџет“, вели стоперот на Барселона.

Пике имаше идентична изјава уште пред неколку години, а таа не им легна добро на навивачите на Еспањол, кои му одговорија дека може само да сонува за традиција каква што ја има нивниот клуб.

 

- Оглас -

Најнови вести