Пике откри зошто никогаш не облекол дрес на Реал Мадрид

Еден од играчите кој ги одбележува последните неколку години во Барселона, секако, е дефанзивецот Жарарт Пике. Задолжен да ги сопре противниците да дадат гол, но честопати знае да се најде и во нападот, па да се израдува на погодок.

Пике секогаш е еден од клучните играчи на дуелите против Реал Мадрид, односно на Ел Класико. Дефанзивецот откри дека во својата богата колекција на дресови има и дрес од Кралскиот клуб, но никогаш не го облекол.

„Знам да си разменам дрес со некои од играчите на Реал Мадрид, но никогаш таков дрес не сум облекол. Алергичен сум на самата помисла дека би можел да го облечам дресот на Реал Мадрид“, изјави низ шега Пике додека беше гостин на едно ТВ-шоу.

Оваа изјава на Пике доаѓа како загревање за претстојното големо дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид кое ќе се игра на 26 октомври на „Камп ноу“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести