Пиоли: Ибрахимовиќ е пример за сите нас

Милан не можеше да посака подобар старт на сезоната. Со освоените три бода во дербито на Милано, во кое Росонерите вечерва славеа со 2-1 против Интер, се најдоа на врвот на табелата во Серија А со максимални 12 бода.

Победата ја донесе Златан Ибрахимовиќ, по победата на корона-вирусот како двоен стрелец му пресуди на составот на Антонио Конте, кој пак не можеше да направи ништо повеќе по намалувањето преку Лукаку, иако шансите пред голот на Донарума се редеа.

За одличната победничка форма на Росонерите, Пиоли го пофали влијанието на Златан нагласувајќи дека е пример каков што треба да се следи.

„Ми побара да го извадам од игра, но овојпат јас го игнорирав. Покажа дека е врвен фудбалер и може да одлучи во клучни ситуации. Тој е примес за сите нас во клубот, премногу придонесува со својот талент и цврст карактер. Неговата одлучност го прави професионалец каков што е, со него е лесно да се работи и немам никаква заслуга за формата во каква што е“, истакна Пиоли по победата.

 

- Оглас -

Најнови вести