Пипо Инѕаги се присети на неговиот најважен гол што официјално не го постигна (Видео)

Филипо Инѕаги сезонава имаше одична сезона и како тренер со неговиот Беневенто доминираше во Серија Б во Италија. До прекинот на првенството, Беневенто беше убедлив лидер со 20 бода пред второпласираниот Кротоне, што значи дека само официјално се чекаше промоција на екипата на Инѕаги за влез во Серија А.

И додека популарниот Пипо е на почетокот на тренерската кариера и треба уште време да се докаже, тој ќе биде запамтен како еден од најдобрите голгетери во Италија. Познат по неверојатниот инстикт да се најде на вистинското место во вистинско време и за милиметар да избегне офсајд позиција само за да даде гол.

Од многуте значајни погодоци кои ги има дадено, Пипо се присети и на мечот на кој Милан во драматична завршницата стигна до победа од 3:2 против Ајакс во нокаут фазата од Лигата на шампиони. Првиот меч во Амстердам беше 0:0, а во реваншот на „Сан Сиро“ до 90 минута резултатот беше 2:2, што беше во корист на гостите.

Во последната минута од мечот, Малдини упати долга топка, Амброзини ја проследи до Инѕаги, а Пипо како и многу пати претходно успеа да го матира голманот на Ајакс и ја упати топката кон голот. На неколку сантиметри пред да влезе топката во празниот гол, натрча Јон дал Томасон и само потврди дека тоа е погодок за Милан и победа од 3:2, вредна пласман во полуфинале на ЛШ. Сето тоа се случуваше во 2003 година, кога Милан на крајот стана и европски првак.

„Неверојатно дека поминаа 17 години од то ј гол. Сѐ уште ме обземаат емоции кога ќе помислам на тој ден. Како да беше вчера. Некои моменти остануваат засекогаш во вашите срца. Интересно е што ако прашате навивачи на Милан кои им се најдраги мои голови, освен погодокот во финалето на ЛШ во Атина, ќе го спомнат и овој гол, иако тој погодок официјално никогаш не е ни запишан на мое име“, се присетува Инѕаги, кој додава дека ТОмасон направил опасен потег, затоа што со тоа што играл со топката можел да го натера линискиот судија да крене офсајд, иако тој не постоеше, но тогаш можело да се случи и погрешна проценка затоа што не постоеше ВАР системот.

Легендарниот напаѓач вели дека токму таа ситуација само потврдува дека во фудбалот никогаш не смее да има откажување и дека се игра до последната секунда.

https://youtu.be/tvL3F-NZrd8

- Оглас -

Најнови вести