Пирло има порака за Дибала: Пауло е шампион, ама јас одлучувам кој ќе игра

Пауло Дибала нервозно реагирал откако не добил шанса да игра против Кротоне, италијанските медиуми дури објавуваат дека сакал и физички да се пресмета со спортскиот директор Фабио Паратичи, па играчите на Јувентус спречиле поголем инцидент.

Јувентус не успеа да го победи Кротоне, Аргентинецот не играше, а тренерот Андреа Пирло со порака кон Дибала пресече кој за што одлучува во таборот на Старата дама.

„Дибала ни е еден од клучните играчи, тој е вистински шампион, но јас одлучувам кој ќе игра за Јувентус. Разговаравме, тој беше вознемирен и нервозен бидејќи не доби шанса да игра, но верувам дека ме разбра. Се врати по тримесечна пауза, играше и за Аргентина, па не сакав да ризикувам во ситуација кога игравме со фудбалер помалку“, изјави Пирло.

Јувентус без Кристијано Роналдо, и без Дибала и со играч помалку на теренот по исклучувањето на Кјеза, стигна само до реми 1:1 против аутсајдерот Кротоне.

Утре Старата дама ќе го почне новиот циклус настапи во Лигата на шампионите со меч во Киев против Динамо, па ќе биде интересно дали Пирло ќе го врати Дибала во тимот како стартер.

- Оглас -

Најнови вести