Пирло: Јувентус мора да научи да игра без Роналдо и да чита некои ситуации

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, после ремито со Беневенто од 1-1 во 9-тото коло на италијанското првенство.

„Го контролиравме првото полувреме и имавме шанси да ја убиеме неизвесноста, но уште не сме научиле да ги препознаеме различните моменти од натпреварот. Кон крајот на првото полувреме требаше да ја контролираме ситуацијата и да издржиме до паузата. Ова не е прв пат да се опуштиме пред крајот на полувремето. Станавме малку хаотични, а шансите не ги претворивме во голови“ – рече Пирло за кого вее почнаа сомнежи дали е вистинскиот човек за тренер на Старата дама.

Јувентус доби само три меча во осум кола, ако не се смета службената победа над Наполи. Пирло објасни и зошто не играл Кристијано Роналдо.

„Тој имаше мали проблеми изминатите денови, но сакаше да игра во ЛШ. Му требаше малку одмор. Неговото присуство е предност, но мора да се обидеме да играме фудбал и кога тој е отсутен“ – додаде Пирло, кој се осврна и на Дејан Кулушевски.

„Дејан е млад, но не беше во форма во последно време, не може да игра од почеток на секој меч. Плус тоа, не е исто да се игра за Парма и Јувентус. Многу е поразличен степенот на одговорност“ – смета Пирло.

- Оглас -

Најнови вести