Пирло: Меси има проблем со психата

Лионел Меси во последно време не е во добра форма, а на таа тема говореше и тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, во пресрет на дуелот на Барса и Јуве вечерва на „Камп ноу“ меч од Лигата на шампионите кој треба да одреди кој од овие два тима ќе биде победник во групата, а кој ќе биде втор и во осминафиналето ќе има на хартија потежок противник.

Пирло мисли дека проблемот на Меси не е фудбалски, туку од психолошка природа.

„Меси се наоѓа во посебен момент во животот, поради проблемот кој го имаше летоска. Го мачи тоа дали ќе остане во Барселона или не. Тој е феномен, и сезонава ја покажа својата играчка вредност, и мислам дека има повеќе психолошки отколку фудбалски проблеми“ – изјави Пирло прес вечерашниот меч на кој Јуве за да биде прв, мора да победи со најмалку два гола разлика.

 

- Оглас -

Најнови вести