Пирло објасни зошто Јувентус толку заостанува во трката за титулата

Јувентус е се подалеку од трката да стигне до јубилејната 10 титула по ред во Серија А, откако денеска одигра само 2:2 на гостувањето кај градскиот ривал Торино. Старата дама поведе со 1:0, но потоа, наместо да го задржи водството, дозволи противникот направи целосен пресврт и Торино поведе со 2:1.

Во ситуација кога Јувентус бркаше резултат, единствено Кристијано Роналдо успеа да погоди за 2:2, но тоа беше доволно фаворитот да освои само еден бод. Тренерот на шампионот, Андреа Пирло вели дека причина за новиот кикс е тоа што неговите играчи повторно ги прават истите грешки и едноставно мора да се корегираат некои работи во играта.

„Кога нема да победиш, не можеш да бидеш задоволен. Победа е потребна за да се создаде мир во главата, но ние ги повторуваме истите грешки. Ова е важен момент и треба да бидеме максимално фокусирани, но ние не сме. Не сум задоволен каде сме на табелата сезонава. На сличен начин загубивме многу бодови и едноставно мораме да бидеме подобри“, рече Пирло по освоениот бод во дербито со Торино.

- Оглас -

Најнови вести