Пирло од следната сезона се враќа во Јувентус

Андреа Пирло, еден од најдобрите италијански фудбалери во изминативе две децении, повторно се враќа во италијанскиот фудбал. Играчот кој ги бранеше боите на Интер, потоа една деценија помина во дресот на Милан, а на крајот блескаше и во тимот на Јувентус се враќа во клубот на најтројфениот италијански клуб.

Пирло во следната сезона ќе биде тренер на тимот на Јувентус за играчи до 23 години, односно тоа е тимот Б на Јуве, кој се натпреварува во Серија Ц. Пирло доби тренерска лиценца и сега има шанси да се докаже кај Старата дама. Освен во тимот за играчи до 23 години, Пирло многу лесно може да добие шанса да биде и дел од стручниот штаб во првиот тим.

Легендарниот Пирло со Јувентус освои четири титули во Серија А, а играше и во финалето на ЛШ во 2015 година, но не успеа да стигне до трофејот кој двапати го имаше освоено, но како играч на Милан.

 

- Оглас -

Најнови вести