Пирло откри кој бил главен адут на Јувентус во победата над Ференцварош

Јувентус се намачи, но на крајот сепак победи во Торино против Ференцварош со 2:1. Со оваа победа, Јувентус се пласира во осминафиналето од Лигата на шампионите заедно со Барселона, која е прва во групата.

Голот на Алваро Мората во 92-рата минута донесе радост на Јувентус против унгарскиот ривал. Иако пред мечот се очекуваше лесен триумф на Старата дама, на теренот се покажа дека не е така. Тренерот Андреа Пирло откри кои биле лошите страни на неговиот тим на овој дуел, но на крајот додаде дека најважно било што фудбалерите во ниту еден момент не се предале и играле до последната минута.

„Сакав да играме агресивно, но понекогаш не можеш да го држиш истото темпо, посебно кога играме толку често. Мислам дека во второто полувреме одигравме подобро, посебно на тактички план. Во некои моменти тврдоглаво се обидувавме да нападнеме низ средината, а требаше повеќе да ги користиме страничните делови од теренот. Најважно е што победивме и се пласиравме во следната фаза. Се боревме до последниот момент и затоа победивме. Тоа што не се откажавме е многу важно“, рече Пирло, кој направи историски потег и на терен изнесе екипа која во претходните 123 години не била видена кога се работи за италијанскиот гигант.

 

- Оглас -

Најнови вести