Пирло со најлошиот тренерски старт во ерата на Ањели во Јувентус

Како фудбалер беше речиси незадржлив, но како тренер Андреа Пирло има тежок старт. Според статистиката, Пирло е тренерот со најслаб старт во Јувентус, откако во 2010 година на чело на клубот застана Андреа Ањели.

Тренерската работа во Јувентус за Пирло е прва во професионалниот фудбал, а по шест одиграни меча во сезоната, Старата дама има само две победи, три нерешени и еден пораз. И покрај тоа што има само две победи, гол разликата е одлична (девет дадени и само четири примени гола).

Во 2010 година, Луиџи дел Нери како предводник на Јувентус имаше четири победи, едно реми и еден пораз со гол разлика 9:4. Една година подоцна на чело на Јувентус дојде Антонио Конте кој имаше три победи и три реми во првите шест меча со гол разлика 9:3.

Најубедлив старт имаше Масимилијано Алегри во 2014 година, кога Старата дама имаше шест победи во шест натпревари со гол разлика 12:0. Минатата година Маурисио Сари стартуваше со четири победи и две реми без пораз и гол разлика 12:7.

 

- Оглас -

Најнови вести