Еднаш не успеа, па потоа запали ноќен клуб – Боксерот пироман од Косово доби 4 години затвор во Австрија

Боксерот од Косово кој има 23 години и сè уште неговото име и презиме не е објавено доби казна затвор од четири години откако во бес во април годинава запали ноќен клуб во Нидеростерејх, место на 55 километри од Виена.

Боксерот сега ќе мора да паузира со кариерата и да мине 48 месеци во затвор во Австрија, а се бранеше дека бил во алкохолизирана состојба.

Откако направил инцидент на влезот на ноќниот клуб и се степал со обезбедувањето, 23-годишниот државјанин на Косово бил исфрлен од објекот.

Веднаш заминал на бензиска станица, каде што наполнил бензин и подоцна и го запалил ноќниот клуб.

Што е уште полудо, само неколку дена претходно истиот човек направил сличен инцидент во ресторан во Модлинг, место исто така во Австрија, но, за среќа на посетителите во ресторанот, не му успеал обидот да го запали објектот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести