Реална е нулата, Асколи не може да ја урне Кулата во Пиза

1318 Луго – Спортинг Хихон (Сегунда, Шпанија, 16.15 часот)

Спортинг Хихон е тимот со најмногу нерешени дуели во Втората шпанска лига, одигра 8 без победник, колку што имаат и лидерот Лас Палмас и Мирандес.

И тие и Луго се во лоша форма. Домаќинот има само две победи на последните 14 натпревари и е на 19. место, последно што води во понизок ранг на натпревари.

Спортинг е нешто подобар со 23 бода на 14. место, но и тие не знаат за победа веќе 7 кола.

И двете екипи често ремизираат, бодовите сега им се исклучително важни во битката да се побегне што подалеку од опасната зона, па нерешен резултат нема да биде изненадување.

Предлог тип: Х (2.90)

 

3019 Пиза – Асколи (Серија Б, Италија, 18 часот)

Пиза има убава серија од 10 меча без пораз што ги донесе на прагот на посакуваната позиција во Топ-8, од каде може да се атакува и на пласман во Серија А преку бараж системот.

Во последните шест кола имаат интересен концепт и по реми на гости, победуваат дома и тоа трипати по ист рецепт.

Асколи загуби ритам и со четири меча без победа веќе не е во октетот најдобри екипи во Серија Б.

Сега се деветти со 21 бод, само два повеќе од Пиза, а и двете екипи не се далеку од посакуваната цел, да играат бараж за влез во елитата.

Во досегашниот дел од шампионатот и Пиза и Асколи се меѓу екипите со најмногу нерешени дуели, па ќе типуваме дека и денеска ќе одиграат меѓусебе без победник.

Предлог тип: Х (3.00)

 

Шавес – Порто (Лига куп, Португалија, 20 часот)

Порто има доста играчи на Мундијалот во Катар, но и без нив има одличен тим. Тука се Пепе, Мартинес, Галено, Вендел, Урибе, Франко… и уште доста квалитетни играчи што би било доволно за победа против второлигашот Шавес.

Лига купот на Португалија во првата фаза се игра по групи, а во оваа каде што се Порто и Шавес сите 3 меча досега завршија нерешено.

Интересно е што Порто, кој ги има речиси сите можни титули, а беше и двоен европски првак, се уште нема пехар во Лига купот на Португалија.

Тоа е дополнителен мотив по 4 порази во финалињата конечно да се освои пехарот што недостасува.

Предлог тип: 2 (1.40)

 

1319 Леванте – Понферадина (Сегунда, Шпанија, 18.30 часот)

Леванте е голем фаворит против Понферадина и ако победи ќе се пробие на второто место во Втората лига на Шпанија.

Од таму подобар е видикот кон Ла Лига, а целта на Леванте е експресно да се врати во Првата лига на Шпанија.

Иако си заминаа доста играчи, останаа неколку стобови во тимот, а и засилувањата на Леванте се солидни и играат се подобро.

Тимот од Валенсија е во серија од 11 натпревари без пораз во сите натпреварувања и се фаворити против Понферадина.

Гостите се борат за опстанок, па посигурна варијанта е да се одигра дека ќе има од 1 до 3 гола во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.00)

 

1321 Малага – Гранада (Сегунда, Шпанија, 21 часот)

Познатиот Пепе Мел успеа малку да ги размрда редовите на Малага, откако во септември пристигна на кормилото на клубот, но тоа не е доволно за да се побегне од опасната зона.

За клуб што има богати газди од Катар малку е чудно да биде претпоследен во Втората шпанска лига, а Абдулах Ал Тани најави засилувања во зимскиот преоден рок за да се избори опстанок.

Малага ги имаше славните денови пред една деценија кога играше четвртфинале во Лигата на шампионите, а сега грчевито се бори за спас во популарната Сегунда.

Гранада лани испадна од Ла Лига и сака експресен кам-бек во елитен ранг, но игра многу слабо на гости.

Освоија само пет бода на 9 гостувања и ќе сакаат да го поправат салдото со победа. Сепак на „Ла Росаледа“ тешко се победува и очекуваме тврд меч со најмногу два гола.

Предлог тип: 0-2 гола (1.58)

 

- Оглас -

Најнови вести