Пјонтек имал двајца идоли, а неговиот омилен тим од детството игра вечерва

Кога бил дете, Кжиштоф Пјонтек бил навивач на Арсенал. Полјакот, кој е откритие на сезоната во италијанската Серија А вели дека многу го сакал стилот на игра на Арсен Венгер, а омилени играчи му биле Тјери Анри и Денис Беркамп.

„Додека бев дете, бев навивач на Арсенал. Навистина многу го сакав стилот на игра на Арсен Венгер и ми се допаѓаа шампиони како што беа Тјери Анри и Денис Беркамп“, откри Пјонтек.

Токму омилениот клуб на Пјонтек од детството вечерва ќе има тешка задача да го елиминира Рен во осминафиналето од Лигата на Европа. Арсенал има негатива од 1-3, но игра на свој терен и се надева на успех.

Пјонтек сезонава игра во врвна форма, па за него многу брзо слушна целиот фудбалски свет. Најпрво потпиша за Џенова, а одличните игри во есенскиот дел беа причина Милан да го купи и да го доведе на „Сан Сиро“,  Главна задача на Пјонтек и останатите „росонери“ ќе биде да го одведат тимот до место кое води во Лигата на шампионите за следната сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести