Пјонтек со 6 гола на 4 меча, тој е новиот Шевченко (Видео)

Милан славеше на гостувањето кај Аталанта со 3-1, и тоа со два гола на супер-засилувањето Кжиштоф Пјонтек, и еден на Хакан Чалханоглу (негов прв гол сезонава). Со овој триумф, Милан се зацврсти на четвртото место во италијанската лига.

Домашните од Бергамо поведоа, но Пјонтек даде гол од тешка позиција во финишот на првото полувреме и го сврте текот на средбата.

Полјакот Пјонтек со 6 гола на последните четири натпревари, има бројки какви што сонуваа и посакуваа во Милан кога го ангажираа како замена за Гонзало Игуаин, а веќе го споредуваат и со Андриј Шевченко. Пјонтек е првиот играч на Милан по Марио Балотели, кој дал гол на првите три меча како стартер во Серија А во дресот на „росонерите“. Сега тој е втор стрелец во Серија А со 17 гола, два помалку од Кристијано Роналдо.

За Аталанта, ова е прв пораз во 2019 година, а Милан уште не знае за пораз во првенството во оваа календарска година. Во 59 минута, кај Аталанта влезе Дејан Кулушевски, момче родено 2000 година со потекло од Македонија, но засега настапува како Швеѓанец.

Ова е голот со кој Пјонтек изедначи на 1-1:

https://twitter.com/i/status/1096867683499298816

- Оглас -

Најнови вести