Плејин-турнирот во НБА е мерак за добивки, сега се игра на триплети во Sport Life

8456 Клинт Капела (НБА, Атланта хоукс – Шарлот хорнетс, 01 часот)

Капела е незаменлив на центарската позиција кај Атланта и еден од главните адути на тимот кој има можност со победа да си обезбеди финале на Плејин-турнирот во НБА и меч со Кливленд кавалирс за настап во плејофот.

Швајцарскиот репрезентативец е еден од најдобрите скокачи во НБА-лигата и тоа неколку години по ред.

Сезонава во регуларниот дел од НБА-лигата со просек од 11,9 скока, Капела се најде на четвртото место, зад Гобер, Јокиќ и Сабонис.

На последните 10 натпревари во НБА-лигата дури 7 пати имаше 12 или повеќе скокови, па ќе типуваме дека ќе го почне Плејин-турнирот со повеќе од 12 скока.

Предлог тип: > 12.5 скока (1.70)

 

8470 Ла Мело Бол (НБА, Атланта хоукс – Шарлот хорнетс, 01 часот)

Ла Мело Бол е моторната сила на Шарлот хорнетс, тим што е во најнезгодна ситуација од сите четири екипи од Истокот во НБА што играат на Плејин-турнирот.

За да обезбедат плејоф-билет, ќе треба да победат двапати на гостински терен, ноќеска против Атланта и потоа на гости кај Кливленд.

Бол има само 20 години и е голем талент, а веќе со прекрасни партии покажува дека е иднината и на Шарлот и на НБА.

Умее и да постигнува кошеви, и да асистира и да скока, па сега треба да се искористи можноста во Sport Life да се игра триплета, поени+асистенции+скокови, а типуваме дека Бол ќе собере најмалку 39-ка.

Предлог тип: > 38.5 поени+асистенции+скокови (1.87)

 

8480 Тре Јанг (НБА, Атланта хоукс – Шарлот хорнетс, 01 часот)

Јанг може сè и е еден од најдобрите бекови во НБА-лигата. Има и дриблинг и прецизна рака, иако шутот му е необичен, а кога сака, може лесно да напраи и над 10 асистенции.

Со просек од 28,4 поени, Тре е трет стрелец во НБА-лигата, заедно со Лука Дончиќ, а само зад Ембид и Адетокумбо.

Трет е и на листата со најдобри додавачи во регуларниот дел од сезоната и имаше по 9,7 асистенции во просек, зад тандемот Пол и Харден.

Нормално за бек е скоковите да му бидат најслаба точка, но Тре има квалитет за да стигне до 47-мата кога заедно ноќеска ќе се сумираат поените, асистенциите и скоковите.

Предлог тип: > 46.5 поени+асистенции+скокови (1.80)

 

8481 Келдон Џонсон (НБА, Њу Орлеанс пеликанс – Сан Антонио спарс, 03.30 часот)

Келдон Џонсон ја игра третата сезона за Сан Антонио спарс во НБА-лигата и веќе се наметна како еден од лидерите.

Легендарниот тренер Грег Попович има потполна верба во квалитетот на 22-годишното ниско крило на Спарс, а Џонсон возвраќа со одлични партии.

Келдон со просек од 17 поени е втор стрелец кај Спарс, но ноќеска главниот кошгетер на клубот, Дежонте Мареј, веројатно нема да игра.

На грбот на младиот Џонсон ќе биде најголемиот товар во обидот Сан Антонио да го победи Њу Орлеанс на гостински терен и да обезбеди финале на Плејин-турнирот, каде што со евентуална победа против Лос Анџелес клиперс би играле во плејофот.

Предлог тип: > 28.5 поени+асистенции+скокови (1.85)

 

8488 Си-Џеј Мекалум (НБА, Њу Орлеанс пеликанс – Сан Антонио спарс, 03.30 часот)

Си-Џеј Мекалум имаше среќа да биде трампан од Портланд во Њу Орлеанс и има шанса да игра во плејофот, откако неговиот поранешен тим ги заврши настапите сезонава и нема да игра во доигрувањето за титулата.

Си-Џеј е еден од најдобрите бекови-шутери во Лигата и според просекот од 22,1 поен, е број 1 во тимот на Њу Орлеанс.

Против Сан Антонио како член на Пеликаните одигра три меча и на сите беше одличен.

На првиот постигна 36 поени со 11 скока и 5 асистенции, потоа уфрли 20 поени со по 4 скока и асистенции и на последниот дуел имаше учинок од 32 поени со 6 скока и 4 додавања.

Повторно тој ќе треба да биде ударната игла на Њу Орлеанс против Сан Антонио и ќе типуваме нова триплета со над 37 во вкупниот збир на поени, скокови и асистенции.

Предлог тип: >36.5 поени+асистенции+скокови (1.92)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести