Плукачот се извини: Многу ја ценам македонската публика, мојот потег е за осуда!

Црногорскиот ракометар Марко Ласица, кој стана познат кај нас по тоа што плукна македонски навивачи и предизвика мал инцидент по завршувањето на синоќешниот меч во Дебрецин, откако доби казна од ЕХФ само од 5.000 евра, се извини за неспортскиот однос.

„Сакам да ѝ се извинам на македонската јавност. Сакам и да објаснам дека целиот меч бев гаѓан со парички и плукан, а по мечот еден таканаречен навивач на македонската репрезентација ме плукна кога бев во негова близина. Во вратив и направив грешка за која се извинувам. Исклучително ја ценам македонската публика, нејзината посветеност кон националниот тим и клубовите, но овие поединци кои се однесуваат непристојно не се навивачи. Мојата реакција е за секоја осуда и се извинувам за потегот“, изјави Ласица.

- Оглас -

Најнови вести