По 19 години дочекаа да играат на свој терен и беше вистинска фешта (Видео)

Екипата на АЕК од Атина славеше против тимот на Јониос со 4:1 во меч кој имаше историско значење за домаќините. Клубот од главниот град на Грција чекаше неверојатни 19 години за повторно да заигра на својот терен.

АЕК последен пат на свој стадион играше на 3 мај 2003 година и чекаше неверојатни 9.070 денови за повторно да биде на свој терен и тоа го прослави со триумф, а атмосферата на трибините беше спектакуларна.

https://twitter.com/i/status/1576991956865290240

Стадионот на АЕК беше оштетен во септември 1999 година, кога во Атина имаше силен земјотрес, па третиот најголем клуб во Грција во мај 2003 година со победа од 4:0 над Арис го испрати својот дом во историја.

Се очекуваше новиот стадион да биде готов за три-четири години, но работата се оддолжи. Се чекаа 19 години за вечерва конечно АЕК да заигра повторно на својот стадион и да ги израдува навивачите. Посебна „експлозија“ од радост имаше кога Мијат Гациновиќ погоди за 1:0, што беше и прв погодок на новиот стадион на АЕК.

https://twitter.com/i/status/1576989341855154176

 

- Оглас -

Најнови вести