Кошаркарите на Њујорк никс се новите шампиони во НБА лигата, откако ноќеска со 94:90 го победија Сан Антонио спарс на гостински терен и со 4:1 во триумфи ја затворија финалната плејоф серија. За Њујорк ова е трета шампионска титула во клупската историја, а прва по дури 53 години чекање. Претходно шампионскиот пехар во витрините на овој тим доаѓаше во 1970 и 1973 година.
Почетокот на мечот не ветуваше дека Њујорк може трет пат во низа да слави на теренот на Сан Антонио, затоа што домашниот тим многу подобро го отвори мечот и по првите 12 минути водеше со 23:13. Дури 16 поени предност имаше Сан Антонио во втората четвртина (31:15), но до полувремето, Њујорк успеа да намали на само пет разлика (42:37).
Двоцифрена предност Сан Антонио имаше и во третата четвртина кога имаше највисока предност од 70:55. Сепак, во последната четвртина се случи пресврт. Водеше Сан Антонио со 81:71 во последната четвртина, но потоа Њујорк се разигра. Гостите со серија од 12:2 стигна до израмнување 83:83, а во завшрницата, гостите од Њујорк беа посконцентрирани и на крајот стигнаа до победа која им го обезбеди шампионскиот трофеј.

